СДСМ: Задолжувањето на општина Гевгелија единствен проект на градоначалникот Сарамандов

од Nikola Popovski
174 прегледи

Советот на Општина Гевгелија на предлог на градоначалникот Андон Сарамандов на 12-та седница (одржана 19.07.2022 г.) донесе одлука за долгорочно кредитно задолжување на општината од 39.803.000 денари, обвинуваат од СДСМ Гевгелија.

Според огранокот на СДСМ, „задолжувањето е првиот проект што Сарамандов го остварува во својот градоначалнички мандат, а не им го вети на граѓаните во изборната програма“.

Советничката група на СДСМ не го прифати ова задолжување и не даде одобрување во текот на гласањето, велат од таму.

Слични содржини