СДСМ:Еве фотографии на кои само Груевски го гледа тоа што го нема

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Нека не ги потценува ВМРО-ДПМНЕ граѓаните, кои гледаат и знаат. ВМРО-ДПМНЕ краде, лаже и за тоа ќе одговара. За руинираната амбуланта во Ранковце, сведочат овие фотографии во прилог што не им се гледаат на Никола Груевски и соработниците.

IMG_2749

За оваа состојба ВМРО-ДПМНЕ без срам вели дека жителите на Ранковце имале подобра амбуланта во Крива Паланка?! Жителите на Ранковце редовно си плаќаат данок и имаат право да имаат своја достоинствена амбуланта и лекар секој ден, а не кога ќе и текне на власта на Груевски.

IMG_2726

Во 50-те години на минатиот век, луѓето во Ранковце имале навремени и квалитетни здравствени услуги, што сега ги немаат! А зошто бега Груевски од другата негова лага во Ранковце, фамозната инвестиција Веибо, на чијашто локација има само писта до дупки, за што сведочат другите фотографии во прилог на ова сооштение? Каде е инвеститорот и каде се 6-те илјади вработени од овој крај што ги ветувашеГруевски?

IMG_2724

Или на Груевски му се гледа нешто што на никој друг не му се гледа. Ете ги фотографиите, на ископаната локација има само хеликоптерска писта на којашто турскиот сопственик никогаш не слета во Ранковце. Груевски самиот рече по оставката дека има повеќе време да шета. Би требало да појде Груевски до Ранковце за да се увери во неговите дела, дупки и крш, ако не им верува на сопстевните очи за реалноста на фотографиите во прилог. Бидејки доаѓа време кога власта на Груевски ќе треба да даде вистински отчет, украдените пари да ги врати, а за злоделата, да одговара., пишува во соопштението на СДСМ: