СДСМ:Груевски е фабрика за криминал во огромни количини

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Проектот Вистината за Македонија ја покажа вистината за криминалното владеење на Никола Груевски,братучедот Сашо Мијалков, фамилијата и нивното „дил ориентед“ друштво.

20022mala

Додека граѓаните осиромашуваа Никола Груевски цели 10 години мислеше само на бизнисите на фамилијата, матните зделки на братучедот Мијалков, на тендерите за споменици вредни 630 милиони евра, на мерцедесот од 600 илјади евра, на парцелите на Водно, на милионските провизии.

Тоа не е политика, тоа е криминал! Груевски е фабрика за криминал во огромни количини! Затоа најголем кошмар за Никола Груевски е Специјалното јавно обвинителство, Анкетната комисија, истрагите коишто се водат, Договорот од Пржино.

Грабањето, богатењето на фамилијата на сметка на граѓаните доведе до тоа 626.312 граѓани да ја напуштат Македонија поради невработеност и лоши услови за живот. Никола Груевски, Сашо Мијалков, фамилијата и соработниците знаат колку длабоко се навлезени во криминални и корупциски скандали за коишто ќе мора да одговраат. Бегање од одговорност нема да има. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Груевски тоа многу добро го знае и затоа е во паника и страв.

Затоа Никола Груевски побегна од граѓаните и зад затворени врати побара да сведочи во Анкетната комисија. Граѓаните одамна не го трпат Груевски туку ја очекуваат неговата оставка и бараат одговорност. Македонија тргна по незапирлив пат кон промени и промените ќе се случат. Во оваа држава ќе се врати правото и правната држава.

Збогум Никола!, се вели во соопштението на СДСМ до јавноста.