По смртта на деветгодишната Тамара се бара оставка од министерот Тодоров

од desk3
140 прегледи

Три месеци родителите на деветгодишното девојче Тамара Димовска кое страдаше од тежок деформитет на рбетниот столб  да замине на итна операција.По онјавувањето на нејзината состојба во медиумите и апелирањето на родителите за помош за операцијата Министерот Тодоров на 21 ноември 2014 година вети дека сите трошоци за операцијата ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството и од Фондот.

На социјалните мрежи се бара оставка од министерот за здравство Никола Тодоров, откако утринава Тамара почина поради тоа што не и издржало срцето.

По зголемената јавна дебата за состојбите во македоското здравство и работењето на здравствената бирократија на 21 ноември 2014 година министерот Тодоров изјави дека сите трошоци за изведување на седмиот по ред оперативен зафат во странство ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

„Досега биле изведени шест оперативни зафати, но било утврдено дека е потребен и седми поради што тој ќе биде изведен во странство, а сите трошоци ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија“, изјави Тодоров пред речиси три месеци.