Се чини повеќе нема дилеми – и самиот потврди дека ќе биде новиот тренер на Ливерпул

од Симе Стоиков
213 прегледи

Ливерпул се уште се бори за шампионската титула во Премиер лигата, но управата на големо се подготвува за новата сезона. Главна цел е да се најде наследник на Јирген Клоп кој заминува од клубот.

Се чини дека наследник на Германецот ќе биде Арне Слот. Ова лично го потврди актуелниот шеф на холандскиот Феенорд, кој во интервју изјави дека сака да стане тренер на „црвените“ и да го наследи Јирген Клоп на кормилото на клубот.

– Сакам да бидам нов менаџер на Ливерпул, мојата одлука е јасна. Феенорд и Ливерпул во моментов преговараат и чекам да видам што ќе излезе од тоа. Уверен сум, ги чекам двата клуба да постигнат договор, изјави Арне Слот за ЕСПН.

Слот успеа да ги освои Ередивизи и Купот на Холандија, како и да се пласира во финалето на Конференциската лига, каде неговиот тим загуби со 0:1 од Рома

Слични содржини