478
ЈП Комунална хигиена – Скопје и ЈП Градски паркинг викендов реализираа заедничка акција за генерално чистење на просторот зад зградата на МРТВ, во која беше опфатена улицата покрај кејот на реката Вардар, односно потегот од булеварот „Крсте Мисирков“, паркинг-просторот зад МКЦ, сè до големиот паркинг-простор на влезот во просториите на МВР.
Како што информираат од ЈП Комунална хигиена, беше извршено отстранување на неколку помали диви депонии, рачно и машинско метење, како и машинско миење на целокупниот простор со употреба на автоцистернa.
-Во рамките на акцијата се подигнати приближно 10 кубни метри отпад одложен
на јавни и сообраќајни површини, соопштија од ЈП Комунална хигиена.