Денеска, во Основното училиште „Коле Неделковски” се реализираше голема акција за чистење и уредување на школскиот двор, која ја спроведоа учениците, наставниците, родителите и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Активноста е дел од големата акција за чистење „Центар не чека, Центар чисти” за зголемување на свеста за важноста на чистата животна средина.
Герасимовски, истакна дека секоја ваква активност е од големо значење за создавање чисти и здрави простори за децата.
„Со денешната иницијатива за чистење, покажуваме дека сите ние, од најмлади до највозрасни, имаме одговорност да ја чуваме нашата околина чиста и да создаваме подобри услови за учење и развој. Среќен сум што акцијата ја поддржаа сите ученици од училиштето. Заеднички се грижиме за животната средина, хигиената е обврска на сите нас. Денеска, не само што го уредувавме училиштето, туку и ги учевме децата на важноста за грижата за природата”, рече Герасимовски.
Тој најави дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина, со цел создавање на уште поубави и здрави простори за живот и учење за сите граѓани на Општина Центар.