„Се чувствував како елитна проститутка, користевме и екстази“: Вака поранешната девојка на Мадона зборува за нивната врска, а била фатална и за Анџелина Џоли

од Nikola Popovski
178 прегледи

Познатата манекенка Џени Шимицу била во врска со познатата Мадона, за што зборувала во документарниот филм „In Vogue: The 90s“. Поранешната ѕвезда на кампањата на Келвин Клајн и „Banana Republic“ денес има 57 години, а вака се сеќава на својата романса со кралицата на попот.

„Сигурно не можевте да ѝ кажете не на Мадона во деведесеттите. Не само што беше одлично да се чувствуваш како елитна проститутка, туку и навистина така беше. Ќе добиев телефонски повик; „Еј, може ли да се видиме на ревијата во Париз? Ти си во Европа, нели?“ Јас би ѝ рекла: „Да, моментално ја завршувам Прада. Веднаш по Прада, ќе фатам авион“, по што го правев тоа. Одев во хотелот во кој таа престојуваше, Риц, околу четири часот наутро, ќе имавме секс и потоа се враќав во Милано“, изјавила за „People“ поранешната девојка на Мадона.

Шимицу додала: „Жена ми ќе ме убие“. За потсетување, таа е во брак со Мишел Харпер од 2014 година.

За врската со Мадона таа во своите мемоари, објавени минатата година, напишала: „Не се работеше за емотивна врска, туку за тоа што еден со друг се водиме до височините на сексуалната екстаза. Ми се допадна тоа што и бев на располагање на оваа жена. Бев возбудена што ми се наредуваше да одам во нејзината соба кога и да посака секс“.

Џени била голема љубов и на Анџелина Џоли. Љубовта започнала во деведесеттите и траела неколку години.

Анџелина Џоли и Џени Шимицу се запознале на снимањето на филмот „Фоксфајр“ во 1996 година.

„Веројатно ќе се омажев за неа ако не бев мажена. Се заљубив во неа штом ја видов“, изјавила Анџелина за „Girlfriends во 1997 година, додавајќи дека Џени успеала да ѝ ја украде главната улога во овој филм бидејќи била извонредна.

Во разговор со Барбара Волтерс во 2014 година, Анџелина зборувала за таа врска: „Бев изненадена, чувствата што ги имав кон мажите претходно се појавија одеднаш. Сакав да ја бакнам, да ја допрам“.

Слични содржини