„Се друго можат да ми одземат, но мајчинството е мојата среќа“: Џоли проговори за своите деца

од Nikola Popovski
78 прегледи

Актерката Анџелина Џоли не сака многу да зборува за својот приватен живот, а сега откри неколку детали за своите деца. Како што истакна, ниту еден од шестмината не сака многу да се изложува на медиумите, иако понекогаш се појавуваат со неа на премиерите.

„Моите деца не сакаат да бидат пред камерите. Шајло, на пример, е исклучително приватна. Тие не се родени со приватност, но се надевам дека ќе ја имаат кога ќе пораснат“, изјавила таа за „People“.

Таа уште еднаш истакна дека улогата на мајка и е најважна.

„Мајчинството ми е сè. Сè друго можат да ми одземат, но мајчинството е мојата среќа“, рекла Анџелина.

Таа истакнува и дека ниту едно од нејзините деца нема желба да глуми.

„Сите се многу повлечени и посветени на своите интереси“, изјавила Џоли.

Таа неодамна сними филм во кој ја глуми оперската дива Марија Калас. Сега, исто така, рече дека нејзините вежби за пеење за нејзините деца веројатно биле ноќна мора со оглед на тоа што не е многу надарена за пеење.

„Сите мои деца поминаа низ тоа кога почнав да пеам. Мислам дека тоа беше вистински предизвик за нив“, на шега истакнала таа.

„Моите деца не избраа живот под рефлекторите, но се трудам да им обезбедам што е можно поголема приватност додека растат“, додала актерката за споменатиот медиум.

Потсетуваме, Анџелина беше во брак со својот колега Бред Пит и имаат шест деца – три посвоени и три биолошки.

Слични содржини