Сè е до перцепција: Неочекувани Дизни-пресврти кои не сме ги забележале

од desk4
628 прегледи

Цртаните филмови на Дизни ги обожаваме, бидејќи потсетуваат на детство и носталгија. Но, дали некогаш сте помислиле дека можете да ги гледате и од аспект на некој од ликовите или пак, со поголема доза на скептичност, а не само како публика која е соживеана со бајка?

Тогаш добиваат сосема нова и необична димензија.

1. Од страна на Снежана, не се случило ништо лошо. Старица ѝ ветува исполнување желба, таа каснува јаболко и кога се буди, ја наоѓа љубовта на својот живот.

2. „Убавицата и ѕверот 2“ требаше да биде само купување мебел за во дворецот, бидејќи сите се претворија повторно во луѓе.

3. Ако кралицата од „Снежана“ можеше да се претвори во грда старица, не можеше ли да го направи истото за да се претвори себе во поголема убавица од Снежана?

4. Зарем не ви е чудно што пријателите на Аладин се само еден тепих што лета, ламба што чади и мајмун што комуницира?

5. Технички, принцот од „Снежана“ бакнува мртво тело на малолетничка која претходно ја има видено само еднаш.

6. Каква е магијата на Пепелашка што принцот не ѝ го запаметил лицето, туку само облеката?

7. Ако сите кралици на Дизни се злобни, дали принцезите се прикриени психопати?

8. Можно ли е чевличката на Пепелашка да не е точна на ниедна друга девојка од градот? Имала ли некој проблем со стапалата?

9. Никој не знае во која ера се случува „Кралот лав“. Можеби е во некоја далечна иднина во која човештвото е исчезнато.

Слични содржини