„Сè е инспирирано од плажа“: Линдзи Лохан покажа како ја уредила собата за своето бебе (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
496 прегледи

Актерката Линдзи Лохан (37) со нетрпение го очекува своето прво дете. Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии од детската соба и покажа како ја украсила во летен стил.

„Многу сум возбудена што можам да ви ја покажам собата за бебето. Сè е инспирирано од плажата и толку разиграно. Ја создадов мојата соба од соништата, сè е рачно изработено и совршено за најмалите“, додаде таа.

Мајката на Линдзи, Дина Лохан (60) била воодушевена од собата.

Актерката живее во Дубаи од 2014 година, а седум години подоцна ја извести јавноста дека е верена со финансискиот советник Шамас. Тие се венчаа во 2022 година. Линдзи сега живее мирен живот, што е сосема спротивно од развратните забави на кои присуствуваше. Полицијата знаела да ја уапси затоа што вози во алкохолизирана состојба. Беше зависничка и од разни дроги, а на крајот заврши на рехабилитација.

За само една година потрошила околу 4,6 милиони евра на разни забави, алкохол, дрога, хотели, казни. Изгледа дека сега одлучила дека тоа не е животот што сака да го води и се посветила на проширување на семејството.

Слични содржини