Се е подготвено за самитот Русија-Африка: Се очекува да пристигнат 17 странски лидери

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Во Санкт Петербург пристигнуваат делегации од африканските земји кои ќе учествуваат на економско-хуманитарниот форум „Русија-Африка“, а на аеродромот Пулково ги пречека заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов.

Како што јави „РИА Новости“, веќе пристигнаа делегати од Екваторијална Гвинеја, Чад, Коморите, Сомалија и некои други земји од африканскиот континент.

Според помошникот на претседателот за меѓународни прашања Јуриј Ушаков, во Санкт Петербург ќе пристигнат вкупно 17 странски лидери. Владимир Путин има намера да разговара со секој од нив лично.

Како што беше наведено во Кремљ, беше извршен невиден притисок врз лидерите на африканските земји да се откажат од овој настан, но, како што беше истакнато, самитот ќе се одржи. Програмата на самитот е многу обемна, а на крајот се планира да се усвои пакет заеднички документи, рече Ушаков.

Вториот самит, економско-хуманитарниот форум „Русија-Африка“, ќе се одржи во Санкт Петербург на 27 и 28 јули.

Слични содржини