Се формира “популистичкa интернационала”, се лишува Западот од неговата “западност”

од desk3
80 прегледи

Собрани во јапонскиот туристички град Исе-Шима, седумтемина најмоќни мажи и жени на западниот свет се насмевнаа пријателски, гледаат во објективите на камерите и изгледаат не само како неформална светска влада. Тие разговараат за нови иницијативи, способни да дадат импулс на глобалната конјунктура, прогласуваат одделување на суми во милијарди за бегалци, областите на здравството и екологијата, а исто така ветуваат да комуницираат за меѓународните офништа на кризата – од Украина до Сирија и Јужното Кинеско Море.

g7
Пораката ќе звучи вака: Видете, Западот може да изгледа стар и уморен, но сеуште е пргав и способен да дејствува. Најубавите слики кои во наредните денови ќесе гледаат низ светот, имаат само еден недостаток: тие не одговараат на реалноста. Можеби клубот Големата седморка не бил во толку лоша состојба од деновите на неговото основање: пред 40 година тоа го направија сојузниот канцелар Хелмут Шмит и претседателот Валери Жискар Дестен. Општеството на индустриските земји успешно се бореше со инфлацијата и нафтените кризи, ја промовираше глобализацијата и ја прослави победата над комунизмот.
Но денес Западот изгледа лишен од идеи и празен – и тој чувствува дека се судрил со нова конкуренција на системите, кои се особено опасни поради тоа што упатуваат предизвици кон Запад одеднаш по две насоки. Притисок врз Унијата на развиените индустриски земји, однадвор прават апсолутистички управувани земји како Кина и Русија, кои ја ставаат под сомнение доминацијата на Западот, прибегнуваат при тоа не само кон економски, но и кон воени мерки.

Да не остане ништо руско!- бугарската армија започнува тотално превооружување…

Ситуацијата на работите од внатре е таква што ги зајакнуваат своите позиции десните популистички сили кои ги принудуваат утврдените елити на Западот да преминат во одбрана. Во САД кон претседателската функција се стреми демагогот-силеџија Доналд Трамп, кој сака да ја изолира земјата на економски план и се заканува да го распушти НАТО.
Есента следната година власта во Франција може да биде освоена од лидерката на Националниот фронт Марин Ле Пен, која сака да се врати назад – во почетокот на 50-тите години на минатиот век – кога постоеше “Европа на националните држави”. А во Германија , канцеларката Ангела Меркел морале да ги слуша укорите за тоа дека нејзината либерална политика во однос на бегалците придонесува за развојот на овие авторитарни сили кои денес ја одредуваат политичката атмосфера во Европа – од Полска до Австрија.
Насекаде “дивее” незадоволство и тоа е поткрепено со фактот дека економијата на земјите од седморката така и не се опоравија целосно по тешката финансиска криза, избувната пред 8 години. Корист од неголемиот раст практично целосно добија не многу претставници на највисоките кругови кои ја “водат” скалата на приходи, додека просечните месечни примања на обичните работници останаа како претходните.
Како резултат на ниските каматни стапки, распространети низ целиот свет, состојбата на малите инвеститори опадна. Истовремено со тоа растат државните долгови – со оглед на тоа дека индустриски развиените земји не успеваат да најдат доволно инвестициски можности за протокот на капитал, кој продолжува “да скита” во светот. Економистите зборуваат за “секуларна стагнација” и гледаат во неа политички аналог во овој чуден копнеж по силен маж (или жена), од кој ќе изгледа дека Западот конечно се спасил пред неколку децении.
Но денес се формира популистички интернационала, кој е единствена во својот груб национализам ( “Америка пред сè” – “America first”), како и во презирот кон отворените пазари, либералната јавна политика и парламентаризмот. Карактеристика на оваа слика е дека претставниците на движењата од Трамп до Ле Пен не го кријат своето воодушевување од автократски фигури од типот на Владимир Путин. Демократските држави на Запад сеуште претставуваат најголем саканата дестинација за големи групи од светското население. Тие се уште се доволно силни за да се справат со проблемите со кои се негува гнев во нивните граѓани.
А овие проблеми се:

– растечката разлика меѓу богатите и сиромашните;

– “Исцрпеноста” на демократијата под влијание на групите поврзани со заеднички интереси;

– Зголеменото чувство во гласачите дека тие не се доволно заштитени од ризиците на глобализацијата.
Само што, оној кој ја истражуваат програмата на средбата, ќе забележи во неа малку точки кои влијаат изгледите на развој. Не вреди да се очекува пробив во Исе-Шима, а треба да се потпира на вообичаеното почитување на ритуалите, типични за средбите на врвот. Ова не треба да предизвикува одушевување.

На крајот домаќинот на средбата, јапонскиот премиер Шинзо Абе сам се јавува како претставник на умерениот национал-популизам: еден вид Доналд Трамп, замотан во свилена хартија. Суштината на неговата програма се состоиа во манипулирање на сопствената валута во интерес на јапонскиот извоз и ги постави своите сонародници во патриотско расположение во духот на шинтоистичката државна религија. Ако работите тргнат на лошо, овој самит може да влезе во историјата како средба на која земјите од Големата седморка почнаа процес на лишувањето на Западот од неговата “западност” ./ БГНЕС
———–
Михаел Зауга, списанието. “Шпигел”.