Се гасат најсилните компании во Германија

од Vladimir Zorba

Бран од банкроти ја погодува Германија со години. Кризата започна со пандемијата на коронавирусот, а подоцна само се продлабочи. Некои од најголемите компании не можеа да ја издржат високата инфлација, а секој ден се повеќе поднесуваат барања за стечај.

Бројот на затворени фирми од ден на ден се зголемува, некои се стари и повеќе од еден век. Иако Германија е една од најголемите светски економии, ниту кризата не ја заобиколи. Експертите во Германија не се оптимисти, пишуваат германските медиуми.

Во последните десет дена повеќе од пет фирми поднеле стечај. Експертите велат дека сето тоа е последица на падот на куповната моќ на потрошувачите, инфлацијата… Сите индустрии се на удар и во моментов нема поштедени.

Алкохолните пијалоци генерално не се евтини, а кога на тоа ќе се додадат инфлацијата и зголемените трошоци за живот, тие се првите на кои штедат потрошувачите. Се чини дека релативно младиот германски бренд Elephant Gin е засегнат од кулминацијата на овие фактори, а германските медиуми пишуваат дека компанијата е во банкрот.

Барањето за стечај беше поднесено во Окружниот суд, а за привремен примател беше назначен адвокатот Гордон Гајзер. Тој сега сака да најде инвеститор за компанијата, пишува WirtschaftsWoche, цитиран од „Индекс“.

Теса и Робин Герлах, основачите на Elephant Gin, сакаа на својот џин да му дадат африкански шмек. Имено, 15 отсто од продажната цена на секое шише би биле донирани за проекти за заштита на слонови. Компанијата тврди дека на овој начин веќе донирала милион евра.

Германската компанија „Breckle“ неодамна произведуваше околу 3.000 душеци дневно во огромна фабрика. Но, сега групата поднесе барање за стечај. Производителот е во криза, пишуваат германските медиуми.

Според медиумите, „Breckle GmbH Märzeten GmbH“ и „Lapur GmbH“ наводно поднеле барање за неликвидност до судот во Гетинген, пишува Fenix-magazin.

Производствениот капацитет во Нортеим е една од најголемите фабрики за душеци и кревети во Европа. Неговата големина е 80.000 квадратни метри. За стечаен управител засега е назначен Рајнер Екерт, а производството ќе продолжи и покрај банкротот. За ова вработените биле информирани во понеделник наутро.

Слични содржини