„Се гледаме во Москва“: Медведев го покани Маск во посета на Денот на победата

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го покани Елон Маск на Денот на победата во Москва.

Ден претходно, на Твитер (социјалната мрежа е блокирана во Руската Федерација), Медведев се огласи во врска со оставката на британската премиерка Лиз Трас:

„Збогум Лиз Трас, моите честитки за зелената салата“.

Пораката на Медведев му се допаднала на Маск, кој ја „лајкна“.

Тој коментираше: „Добро е тролањето, да бидам искрен“.

Како одговор, Медведев напиша: „Се гледаме во Москва на Денот на победата!“.

Слични содржини