Се испитува перење пари, даночни измами и затајување, МВР со детали за акцијата во повеќе градови

од Milan1
46 прегледи

По доставено известување од страна на МВР до ОЈО за ГОКК, оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по чл.279 „даночна измама“ по чл.279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по чл.273 од КЗ.

-Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, издадени се наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, каде координирано постапуваат полициски службеници, истражители од истражен центар на ОЈО ГОКК и службени лица од Управата за јавни приходи, соопштуваат од МВР.

При претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна обработка и анализа со цел обезбедување на материјални докази за потребите на водењето на понатамошна кривична постапка.

Слични содржини