Во Загреб денеска се излеа реката Сава, а според последниот извештај на Државниот хидрометеоролошки завод, водостојот на Сава и нејзините притоки се зголемува.
Последниот измерен водостој на Сава во Загреб изнесувал 160 см, соопшти ДХМЗ.
Дождот создаде поплави во некои делови од градот, па улицата Назорова во Загреб е поплавена и изгледа непрепознатливо. Еден корисник на Твитер објави видео од улицата Назорова каде улицата сега личи на река.
Zagreb, Nazorova ulica 😱 pic.twitter.com/cKCIhsZ0Bn
— deran (@deranpero) September 17, 2022
Инаку, во Загреб со денови врне силен дожд, а поради обилните врнежи од дожд и ветер во Загрепскиот жупански центар 112 синоќа пристигнаа повеќе пријави за паѓање дрвја и гранки на далноводи и патишта, а исто така има се повеќе пријави за поплавени гаражи и подруми, пишува „Јутарњи.хр“.