„Се каам само за една работа“: Бора Ѓорѓевиќ откри што го мачело – било поврзано со неговата сопруга

од Nikola Popovski
720 прегледи

Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља Чорба“, во едно од последните интервјуа открил дека жали само за една работа во животот.

Бора Ѓорѓевиќ почина пред два на 72-годишна возраст. Зад себе остави бројни мелодии и текстови во кои се најдоа љубителите на „Рибља чорба“, но и живот кој можеше да се вклопи во филмска рамка.

Гостувајќи во една емисија во јануари годинава, Ѓорѓевиќ се осврнал на неговиот приватен живот, односно борбата со здравствените проблеми и односите со сопругата Дубравка.

„Штом ја запознав мојата Дубравка, тоа беше тоа“, открил тогаш рокерот.

На прашањето од каде знае, имајќи предвид дека многу жени го обожавале во текот на неговиот живот, Бора имал интересен одговор:

„Не би зборувал за тоа. Ја запознав Дубравка во Марибор на католички Божиќ. Потоа ја поканив да дојде во Виена, па јас дојдов во Љубљана кај неа со намера да останам ден-два и останав седум дена. Тогаш сфатив дека можам да живеам и да дишам покрај неа. Веројатно ќе умрев некаде по пат да не дојдев во Словенија бидејќи бев премногу див“.

„Дивеењето и забавувањето има и свои добри страни, но јас малку претерав. Тоа го сфатив кога некои мои делови полека престанаа да работат, а немаше резервни делови“, рекол тогаш Бора и додал дека на почетокот не одговарал на „алармите“ кога се работи за неговото здравје, туку дека љубовта кон Дубравка го натерала да почне сериозно да размислува за тоа.

„Сега знам покрај кого сум, со кого живеам и кој ме сака и дека има смисла да се трудам да трае што е можно подолго, за да трае и љубовта“, изјавил во таа прилика Ѓорѓевиќ, додавајќи дека само жали за една работа во животот – што претходно не ја запознал неговата Дубравка.

Слични содржини