Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше ранет во атентат, е во тешка состојба и дека владата ќе размисли како да реагира понатаму, откако прво ќе ја процени ситуацијата.
Сакам да верувам дека имало соодветно ниво на безбедност, но утврдувањето на тоа ќе биде дел од истрага, изјави Кишида, кој ја прекина предизборната кампања по денешниот атентат врз Абе, пренесе „Ројтерс“.
Кишида побара од сите членови на неговиот кабинет веднаш да се вратат во Токио.
Јапонскиот премиер рече дека изборниот распоред се уште не е одлучен и дека „сега не е време да се разговара какви политички импликации ќе има убиството на Абе“.
Тој го осуди нападот врз поранешниот премиер и рече дека се молел од се срце Абе да преживее, пренесе „Ројтерс“.
Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше застрелан денеска за време на говор во предизборната кампања во градот Нара, изјави владиниот портпарол, а јавната телевизија NHK објави дека напаѓачот, кој бил уапсен, пукал во него од зад грб.