Се намалува бројот на барања за азил во Германија

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Бројот на барања за азил во Германија минатата година е намален за 34 отсто, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата.

Според последните податоци, во 2024 година азил во Германија побарале 213.999 лица, додека годината пред тоа барања поднеле 322.636 лица, наведува Ројтерс.

Во јануари годинава, конкретно, имало за 37 отсто помалку барања за азил отколку во истиот период лани.

Слични содржини