Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ се уште е во „загрижувачка состојба“ по тешката сообраќајна несреќа и додаде дека ќе го посети кога ќе биде вистинскиот момент.
„Томо Медвед (министер за хрватски ветерани) вчера беше со него и неговото семејство. Се слушнавме со лекарите и тој се уште е во загрижувачка состојба. Мислам дека КБЦ Осијек денеска повторно ќе се огласи“, изјавил Пленковиќ, пренесе хрватски „Индекс“.
Како што изјави, се опоравува од тешките повреди со кои се здоби во трагичната несреќа.
„Ќе го посетам, само треба да го избереме моментот“, додал Пленковиќ.
Хрватската полиција ќе поднесе кривична пријава против Баножиќ, која предизвика сообраќајна несреќа во која загина едно лице.
Како што се наведува во полициското соопштение, поради сомнение дека вчера предизвикал сообраќајна незгода со прекршување на сообраќајните прописи, против 44-годишниот возач до Жупаниското државно обвинителство во Вуковар ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување сообраќајна незгода со смртни последници во патниот сообраќај.
Се додава дека од него биле земени примероци од крв и урина за анализа. Несреќата се случила на излезот од Винковци во правец кон Жупања.
Баножиќ прво бил примен во болницата во Винковци, а потоа префрлен во КБЦ Осијек. Се наоѓа на интензивна нега и има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите, но неговиот живот не е загрозен.