Речиси половина од луѓето со еврејско потекло веруваат дека Арапите треба да бидат “избркани или преместени” од Израел, открива истражувањето на Pew Research Centre. Според податоците еден од пет возрасни “силно се согласуваат” со контроверзното тврдење за “етничко чистење”, пишува Independent.

Image_5352364_407

Од Pew Research Centre спроведоа повеќе од 5 600 интервјуа очи во очи со луѓе родени во Израел, на хебрејски, арапски и руски јазик од октомври 2014 година до мај 2015 година

48% од испитаниците Евреи велат дека Арапите треба да бидат преместени од Израел, сличен процент го мислат спротивното.

Оние кои го поддржуваат движењето, се повеќе рускоговоречки отколку на хебрејски или на јидски (германско-еврејски) евреи, и мажи со ниско образование.

Шефот на Stratfor алармира: Гответе се за војна!

Реувен Ривлин, претседателот на Израел, ја нарече оваа студија “аларм кон израелското општество”.

“Ме боли да го гледам јазот што постои во јавната свест – религиозно и световно – меѓу перцепцијата за Израел како еврејска држава и како демократска држава”, додава тој, “Дури потоа доаѓа проблемот со односот кон арапските граѓани во земјата”.

evrei

Во истата студија речиси 80% од Израелците од еврејско потекло велат дека кон Евреите треба да има преференцијален третман во Израел, додека истото количество од Арапите кои живеат во земјата, тврдат дека се сведоци на дискриминација против муслиманите.

Практични истражувањето покажува дека сите верски и етнички групи имаат изгубено верба во одлуката за две држави на една територија, како уште половина од Арапите велат дека соживот е можен, во споредба со 40% од Евреите кои го тврдат истото.

Последниот круг на мировните преговори меѓу Палестина и Израел пропадна во 2014 година, непосредно пред седемседмична војна во Газа и продолжувањето на насилството, кое предизвика 28 смртни случаи на Израелци и 172 на Палестинци.

Енциклопедија “Британика” го дефинира етничкото чистење како “обид да се создаде етнички хомогена географска средина со депортации или насилно раселување на луѓе кои припаѓаат кон одредена етничка група”, а извештајот на Обединетите нации од 1993 година додава на специфичноста на изразот “со сила или закани “.

Слични содржини