Една од најпознатите компании за недвижности Christie`s International Real Estate веќе ќе нуди нова луксузна услуга на своите клиенти – остров по нарачка.
Компанијата ќе создава приватни острови кои ќе можат да бидат изградени целосно по желба на клиентот – од местото на кое да бидат, до нивниот стил и големина, раскажува “Лагжри дејли”. Новите острови ќе бидат еколошки, па нема да предизвикуваат оштетување на месноста, каде што ќе бидат создадени. Основата треба да може да издржи повеќе од 100 години истовремено создавајќи нови живеалишта за морски живот. Секој од нив, исто така, ќе биде изграден, за да е заштитен од евентуален пораст на морското ниво.
Првите десет нарачки веќе се изградени во лагуната на Малдивите, а оттаму доаѓа и името на брендот приватни острови – Amillarah, што значи приватен остров на јазикот во Малдиви – дивехи. Секој од нив има свој базен и плажа.
Во моментов, компанијата развива проекти и во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати и Мајами.