Израел се очекува утре да ослободи вкупно 602 палестински затвореници од израелските затвори, откако палестинската милитантна група Хамас ослободи шест израелски заложници од Појасот Газа, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми за палестински затвореници (АСРА).
Во соопштението се наведува дека 50 палестински затвореници осудени на доживотен затвор, 60 осудени на долги казни, 47 кои биле повторно уапсени откако биле ослободени како дел од размената на затвореници во 2011 година, како и останатите 445 затвореници од Појасот Газа кои биле уапсени по нападот на Хамас врз јужен Израел, утре ќе бидат ослободени.
Размената на заложниците на палестинските затвореници се спроведува според договор во три фази за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, кој стапи на сила на 19 јануари.
Во првата фаза се очекува да бидат ослободени вкупно 33 заложници.