Се очекува пред Кривичен да биде донесен таткото на Вања

од Radmila Tasevska
222 прегледи

Таткото на Вања Ѓорчевска попладнево се очекува да биде спроведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Тој беше на распит синоќа во полициска станица, а денеска на прес-конференција, главниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Габрил Бубевски рече дека посредните докази укажуваат дека организаторите ги добиле информациите од нејзиниот татко за тоа кога девојчето ќе излезе од дома.

-За таткото засега имаме докази дека посредно учествувал во информирањето кога девојчето ќе излезе од дома за да биде земено. Немаме сознанија дека е вмешан во мотивот за убиство. Едно од осомничените лица кажа дека информациите за девојчето ги има од таткото, рече Бубевски на претпладневната прес-конференција, кој дополни дека таткото ги негирал дејствијата.

На прес-конференцијата беше посочено дека првоосомничениот кој е организатор и извршител на убиството е во бегство, додека на тројца од осомничените им е изречен 48-дневен притвор.

Слични содржини