Се одбележуваат важните моменти и во карантин: Две момчиња дуваа роденденски свеќички во хотелот „Ибис“

од Берта Китинска
142 прегледи

Хотелот „Ибис“ стана државен карантин, а на Дејан и Дамир кои се сместени во моментов во него и беше приредено изненадување.

Имено овој хотел е еден од оние во кои е наменет за граѓани кои од странство се враќаат во нашата земја.

„Се одбележуваат битните моменти и во деновите на задолжителен карантин, Дејан и Дамир ги дувнаа роденденските свеќички. Мал но сепак значаен гест, бидејќи секој роденден заслужува внимание. Тимот на хотел Ибис и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ им посакува среќен роденден со желба секој следен роденден да го прославуваат опкружени со најблиските!“, стои во опис на фотографиите.

 

Слични содржини