Се одложи рочиштето за Јово Вангеловски: Неделкова бара додаток на плата за неоправдано отсуство

334 прегледи

Судското рочиште против екс претседателот на Врховниот суд во Скопје се одложи поради тоа што судијката задолжена за овој предмет е во изолација.

Имено, Вангеловски во овој предмет се терети дека како претседател на Врховниот суд не и исплатил додаток на плата на колешката Лидија Неделкова, која покрена обвинителен акт против него.

„Ако било кој од вас отсуствува неоправдано од работа 3 последоватални дена ќе добие отказ. Во овој случај, таа е разрешена токму поради тоа, и оттаму покрај платата бара и додаток на плата, што сметам дека е тотален апсурд“, истакна Вангеловски.

Слични содржини