Се огласи Абазовиќ по откажувањето на сопирачките од „мерцедесот“: Жал ми е што ги изложив на ризик луѓето околу мене

од Nikola Popovski
313 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ соопштил дека безбедноста на тамошниот премиер Дритан Абазовиќ е подигната на повисоко ниво по инцидентот во кој откажале сопирачките на службениот „мерцедес“ управуван токму од црногорскиот премиер.

Системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица на 31 јули, педесетина метри пред голема удолница, додека бил во официјална посета на Тиват.

Индикативно е дека на контролната табла во автомобилот немало никакви предупредувања. Абазовиќ успеал да го запре возилото покрај патот, по што се префрлил во автомобилот кој бил придружба. Оттогаш го користи официјалното „Ауди“.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора во изјава за подгорички „Дан“ истакнал дека често има чувство дека премиерот Абазовиќ не е целосно свесен за ризиците кои се вклучени во борбата против најмоќните криминални групи во регионот, а веројатно и пошироко.

Абазовиќ не сакал многу да зборува за инцидентот.

Немам посебен коментар на оваа тема. Ги оставив институциите да си ја завршат работата. Кога станува збор за луѓето кои се секојдневно со мене, имам најголема почит и доверба кон нив и жал ми е што со работата ги изложив на одредени ризици, рекол Абазовиќ за „Дан“.

Огромно внимание во јавноста привлече фактот што откажале сопирачките на возилото што го управувал премиерот, а на контролната табла немало индикатори, како и неофицијалните информации од полицијата дека претходните проверки укажуваат дека се работи за дефект поради староста и значителната километража што ја имало поминато возилото.

Слични содржини