Откако вчера Бритни Спирс сведочеше пред судот, во кој првпат зборуваше за штетата и траумата што ѝ ги нанело 13-годишното старателство на нејзиниот татко, нејзините родители Џејми и Лајан Спирс зборуваа за целиот случај.
Кога судот се врати од 20-минутна пауза, адвокатката на Џејми Спирс, Вивијан Ли Торин, даде изјава во име на нејзиниот клиент, пишува „Пипл“.
„На Џејми му е многу жал што ја гледа својата ќерка во толку многу болка. Ја сака својата ќерка и многу му недостасува“, рече адвокатката.
Адвокатката на Лајан Спирс додала дека нејзината клиентка е „многу загрижена мајка поради сè што слушна дека нејзината ќерка преживеала“.
Сепак, за време на сослушувањето, поп-sвездата јасно стави до знаење дека смета дека нејзиното семејство е одговорно за тоа што ѝ е направено.
„Татко ми и сите што учествуваа во ова треба да бидат во затвор“, рече таа, додавајќи дека би сакала да го тужи своето семејство.
Судскиот процес продолжува, а бројни познати личности и фанови на социјалните мрежи ја поддржуваат пејачката во борбата за слобода.