Се огласи адвокатот на Звицер: Не знам дали е мртов или жив

од Nikola Popovski
219 прегледи

„Како негов бранител немам информации дали застрелан, мртов или жив. Радоје Звицер е човек кој е недостапен за властите и никој нема контакт со него. Ќе знаеме што се случило, а која е вистината кога ќе добиеме официјална информација“, вели Милош Вуксановиќ, адвокат на лидерот на кавачкиот клан.

Српски „Блиц“ вчера објави дека Звицер наводно бил убиен синоќа околу 21 часот по средноевропско време во Панама.

По оваа информација, тамошните медиуми добија неофицијални потврди од повеќе меѓусебно неповрзани извори дека убиството се случило околу 20 часот во Панама и дека жртвата навистина е Радоје Звицер. Сепак, сè уште нема официјална потврда.

Медиумите во Панама објавија информација дека маж на возраст од 40-45 е убиен додека седел во бел автомобил. Наводно, човекот имал прекар „Јаи“ и бил убиен во заседа. Деталите дали навистина станува збор за бегалецот и водач на кавачкиот клан не се соопштени. Како што наведоа, идентитетот на жртвата не е познат, а очевидците одбиваат да соработуваат со полицијата.

Водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер важи за еден од најголемите шверцери на кокаин во светот.

Слични содржини