Се огласи Денис Јанкуловски, здравствениот работник кој сними видео во салата „Борис Трајковски”

од Andreja Salpe
744 прегледи

Откако во јавноста се појавија лавина реакции за видеото кое се појави на интернет, каде се гледа како здравствени работници играат и пејат во салата Борис Трајковски, преку својот фејсбук профил се огласи здравствениот работник Денис Јанкуловски, кој е учесник во видеото.

„Нема да објаснувам што правевме во Борис. Нема да објаснувам кога и зошто го правевме играњето во Борис. Штом така го злоупотребуваат едноставно сите злонамерници и погани усти не го заслужуваат се тоа. Не можам да стигнам на секој пост да одговорам, знам дека ме разбирате, (може во 4 сабајле кога ќе станам и ќе кликам, но во името на сите здравствени работници кои нималку виновни се најдоа на крајно необјаснив, чуден па и навредлив удар, Ви се заблагодарувам на поддршката која во сите овие 15, а очигледно и натаму месеци и тоа како ни е значајна, нам ни е еден вид елан да издржиме. Она што уште на почетокот си го зацртав и го практикувам буквално секој ден од 9ти март 2020г наваму а се со цел полесно да ги минувам напорните денови и да бидам максимално функционален и корисен е: сите неубави информации, особено дезинформации и вакви неочекувани дискредитации на здравствените работници да не допираат до мене. Затоа што се тоа што може и малку да ме измести од зацртанитот и докажано успешниот начин на секојдневно функционирање ќе се одрази на квалитетот на мојата работа а тоа уште полошо и пострашно ќе се одрази на оние кои чекаат од мене свесно, совесно и професионално работење”, напиша Јанкуловски

Слични содржини