Откако се проширија гласини дека раперот Асап Роки, момчето на Ријана, ја изневерувал со дизајнерката на чевли Амина Муади, таа се огласи на социјалните мрежи.
Дизајнерката тврди дека гласините се лажни, но дека иако не планирала да се огласува, сепак мора да го направи тоа бидејќи се отишло предалеку.
– Отсекогаш верував дека неоснована лага што се шири на социјалните мрежи не заслужува никаков одговор или објаснување, особено ако е толку гнасна. Отпрвин претпоставував дека ова лажно озборување, измислено со лоша намера, нема да биде сфатено сериозно – ја започна својата објава на Инстаграм дизајнерката и продолжи:
– Меѓутоа, во последните 24 часа се потсетив дека живееме во општество кое толку брзо зборува за некои теми, без разлика на фактичката основа и дека за ништо нема ограничување. Дури и за време на еден од најубавите и најславни моменти во животот – напиша Муади, осврнувајќи се на бременоста на Ријана.
Амина вели дека зборувала за гласините не поради себе, туку поради луѓето кон кои има „голема почит и наклонетост“.
Ријана и Роки се уште не се огласиле за гласините за измама и раскинување.
Да потсетиме, новинар од Париз (@Louis_via_Roma) објави твит што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, во кои тој самиот тврди дека бремената Ријана го напуштила Асап Роки поради измама.