410
Првата дама на САД, Меланија Трамп, се огласи за прв пат откако вчера беше објавено дека нејзиниот сопруг Доналд Трамп загуби на изборите и го повтори својот став дека треба да се преброи секој законски даден глас.
– Американскиот народ заслужува фер избори. Секој легитимен глас, а не незаконски, треба да се смета. Ние мора да ја заштитиме нашата демократија со целосна транспарентност – напиша таа на Твитер.
The American people deserve fair elections. Every legal – not illegal – vote should be counted. We must protect our democracy with complete transparency.
— Melania Trump (@FLOTUS) November 8, 2020