Во последните неколку дена, Јелена Карлеуша „војуваше“ со корисниците на социјалните мрежи кои ја осудуваат за дисквалификација на натпреварувачката во „Звезде Гранда“, Вања Кнежевиќ. Сепак, не само што пејачката е мета на навредливи коментари, туку и нејзините две малолетни ќерки Атина и Ника, добиваат ужасни закани и навреди под нивните фотографии на приватни профили, поради што Карлеуша сега се огласи.
На почетокот на своето обраќање, Јелена им се заблагодари на луѓето кои ја поддржуваа претходните денови, и истакна дека е свесна дека поради својата популарност мора да претрпи голем медиумски притисок.
„Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта. Кога некој е на самиот врв на оваа игра, кога има најголема популарност, влијание и број на следбеници, мора да издржи најголем притисок. Како слава, така и омраза“, започна Јелена и додаде:
„Ако не бев психички многу силна, тешко дека ќе можев да издржам се што претрпев во овој бизнис 26 години. Мојата карма е таква што сè што ќе допрам го претворам во енергетски хаос. Не можам ни да објаснам зошто е тоа така. Се плашам дека никој друг во моја позиција нема да може да го издржи целиот притисок на медиумите и социјалните мрежи, што е постојан и безмилосен “, напиша Карлеуша.
„Нема жена на овие простори која претрпе повеќе и тоа за жал стана нормална ситуација. Но, затоа никој друг не е јас, затоа што на Балканот само јас генерирам се што е негативно во нови победи и поместување на границите, во мотивација, желба, сила … Како ѕвер научив да удирам затоа што, да бидам искрена, јас само за удари и знам“, призна таа.
„Ова е сурова работа, каде што притисокот може да го скрши и најсилниот, каде што сите мислат дека ве познаваат, си даваат право „да ви одржат лекција“ и „да ве стават на вашето место“, но еднаш во 100 години се раѓа жен на која никој не ѝ може ништо. Затоа што таа така решила“, заклучи Јелена.
Да потсетиме, Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од „Звезде Гранда“, со одлука на продукцијата, на барање на Карлеуша, откако сподели навреди на сметка на Јелена. По објавите на Вања на социјалните мрежи и изјавите за медиумите, Карлеуша најави дека ќе поднесе кривична пријава против Кнежевиќ, бидејќи се чувствува загрозена.