Прекинот на огнот во Украина би бил пат до никаде, потребен е сигурен договор, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција.
„Не можеме да се задоволиме со празни приказни. Засега се зборува само за потребата од постигнување некакво примирје. Примирјето е пат кој не води никаде, потребни ни се конечни правни договори кои ќе ги содржат сите услови за обезбедување на безбедноста на Русија и легитимните безбедносни интереси на нашите соседи, но во контекст кој ќе гарантира неможност за прекршување на овие договори преку меѓународните закон“, додал Лавров.
Според него, никој не крие дека е потребно примирје за да, како што вели, се купи време Киев да се снабди со оружје. Лавров истакнал дека идните договори за решавање на украинскиот конфликт треба да содржат механизам кој не дозволува нивно прекршување.
Како што истакна, Русија не поставува предуслови за преговори во Украина – тоа се барања за исполнување на постоечките договори.
„Навистина се надевам дека администрацијата на г-дин Трамп, вклучително и господинот (идниот американски специјален пратеник за Украина Кит) Келог, ќе ги анализира основните причини за конфликтот. Секогаш сме подготвени за консултации“, кажал шефот на руската дипломатија.