Се огласи Маја Оџаклиевска по веста дека била во врска со Бора Чорба

од Nikola Popovski
1,9K прегледи

По веста дека Маја Оџаклиевска била најголемата љубов на Бора Ѓорѓевиќ, се огласи и самата пејачка.

Бора Ѓорѓевиќ, познат и како Бора Чорба, беше погребан завчера во родниот Чачак, а неговата смрт крајно ја потресе српската, но и балканската јавност, која не престанува да зборува за неговите уметнички достигнувања, но и за неговиот приватен живот.

Српската пејачка Маја Николиќ гостувала во една емисија каде открила тајна чувана цели 50 години, а тоа е дека Бора бил во врска и лудо вљубен во колешката од Македонија, Маја Оџаклиевска.

„Маја, прости ми што ќе ја кажам оваа тајна што трае повеќе од 50 години. Маја Оџаклиевска беше неговата голема љубов кога беа многу мали – тој беше висок и згоден, а таа со нејзините 1,55 беа совршен пар. Сè пукаше од емоции и љубов меѓу нив двајца. Тој ѝ ја посвети песната „Neke su žene pratile vojnike“, изјавила Николиќ.

Оџаклиевска ги коментираше овие наводи и информира дека нема никаква врска со вистината.

„Да бев големата љубов на Бора Ѓорѓевиќ, тоа досега ќе го знаевте. Не се фаќајте за изјавите на Маја Николиќ. Тоа е мојот коментар“, изјавила таа, пренесуваат српските медиуми.

Слични содржини