Се огласи менаџментот на Дино Мерлин, еве во каква состојба е пејачот

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Менаџментот на Дино Мерлин се огласи откако беше објавено дека му се слошило синоќа во неговата продавница Магаза во Башчаршија.

„Дино е добро. Тој се чувствува добро. Му се слоши, но сега е одлично. Тој е дома во Сараево“, изјавиле за „Дневни аваз“ од неговото опкружување.

Според очевидци, итната помош дошла во неговата продавница која се наоѓа на Башчаршија и го однела пејачот до возилото, објави „24сата.хр“.

Очевидци изјавиле дека пејачот едвај одел.

„Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓа во неговата продавница“, вели еден од очевидците.

Слични содржини