Се огласи националниот антитерористички комитет на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Режимот на контратерористичката операција е укинат во Москва, подмосковската област и регионот Воронеж, соопшти националниот антитерористички комитет.

Како што е наведено, поради отсуство на закани по животот, здравјето, имотот и другите законски заштитени интереси на луѓето, одлучено е да се укине режимот на КТО на територијата на Москва и Московскиот регион од 09:00 часот по московско време на 26 јуни 2023 година.

Со цел да се спречат можни терористички напади на територијата на Москва, Московскиот и Воронежскиот регион, во саботата беше воведен режим на противтерористичка операција.

Слични содржини