Раперката Ники Минаж вчера била приведена на аеродромот во Холандија. Таа го снимила целиот инцидент, а на Инстаграм објави видео од разговорот со вработените на аеродромот „Амстердам Шипол“. Цело време ги обвинувала дека по втор пат ја принудувале да ги достави торбите на безбедносната контрола, а потоа дека ѝ рекле дека мора да оди во полициска станица.
Сето ова се случило поради сомнеж дека раперката имал одредена количина наркотици со себе. Ники сега повторно проговори и информира дека поминала шест часа во ќелија.
„Ве молам, ве молам, ве молам, прифатете го моето најдлабоко и најискрено извинување. Ќе најдам начин не само да го надополнам датумот со настапот, туку ќе креирам дополнителен бонус за сите што имаа билет за овој концерт“, рекла таа, пренесува „The Sun“.
Холандската полиција потврди дека уапсила 41-годишна Американка, но одби да потврди дека станува збор за Минаж.
„Никогаш не го потврдуваме идентитетот на приведеното лице, но можам да потврдам дека уапсивме 41-годишна жена која е осомничена дека се обидела да извезе лесни дроги во друга земја, што е забрането“, рекол неименуваниот портпарол на полицијата.
View this post on Instagram
За потсетување, синоќа Ники имаше закажан настап во Манчестер, но го откажа, со оглед дека била приведена во полициска станица. Откако била пуштена, заминала во хотел во Манчестер, а надвор веќе ја чекале фоторепортери.