Се огласи пејачот Лончаревиќ после сообраќајката: Откри како се чувствува

од Nikola Popovski
213 прегледи

Низ медиумите одекна веста дека пејачот Џенан Лончаревиќ вчера имал сообраќајна несреќа на автопатот Подгорица – Матешево, кај местото Мрки Крш.

Според информациите од црногорската полиција, до несреќата дошло кога возилото со кое управувал пејачот Џенан Лончаревиќ се превртело. Како што беше истакнато, пејачот бил сам во возилото и не бил повреден.

Лончаревиќ по несреќата објави дека е жив и здрав и дека се е во ред.

„Драги мои, сите што сте загрижени, што се јавивте и сите што сакате да дознаете нешто, еве да кажам дека сум жив и здрав и можам да ви кажам дека утре ќе бидеме заедно на концертот во Теслиќ“, информирал пејачот и на сите загрижени за немилите околности им порачал дека се надева дека во иднина ќе ги интересираат добрите вести поврзани со него и неговите колеги.

„Се надевам дека ќе ве интересира кога ќе се објави нешто добро, а се однесува на моето име или на некој од моите колеги, па да објавите некоја убава вест, да го израдувате овој народ малку да се радува и насмее. Голем поздрав до сите вас. Ве сака Џенан и се гледаме на некој од наредните концерти“, порачал пејачот.