Се огласи претседателот: Еве што рече Вучиќ за случајот со Данијела Штајнфелд и Лечиќ

од Берта Китинска
480 прегледи

На прашање на новинарите, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го коментираше случајот со силувањето на актерката Данијела Штајнфелд, што ја потресе српската јавност.

Таа го обвини актерот и политичар Бранислав Лечиќ за сексуално вознемирување.

– Јас не сум ниту обвинител ниту судија. Нема посериозно кривично дело од силување. Не би рекол ништо и воопшто сум згрозен да зборувам за тоа и таквите луѓе ми се одвратни – рече Вучиќ, не сакајќи да коментира на оваа тема понатаму.

Слични содржини