Се огласи рускиот амбасадор кој беше полеан со црвена боја: „Луѓето дивеат…“

од Nikola Popovski
305 прегледи

Откако беше полезн со црвена боја при посетата на гробиштата на советските војници, изјава за руските медиуми даде рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев.

Да потсетиме, Андреев имаше намера да положи цвеќе и да им оддаде почит на војниците на советската Црвена армија кои беа погребани на гробиштата во Варшава. Сепак, демонстрантите протестираа против неговото пристигнување на гробиштата, а еден од нив ги испрска амбасадорот и неговата придружба со црвена боја.

Андреев по инцидентот изјави дека ниту тој, ниту некој од неговата придружба не е повреден, освен можеби неколку ситни гребаници.

Според него, овој инцидент е резултат на „широка распространета антируска дезинформација“, пренесува „Oslobođenje“.

„Луѓето дивеат под влијание на масовната украинска и западна пропаганда, како и војната на дезинформации и лаги. Некои од овие лаги постојано се разоткриваат и побиваат. Меѓутоа, луѓето се зависни од тоа и не реагираат на ништо“, рекол амбасадорот, пренесува руската агенција РИА.

Слични содржини