Се огласи Руското јавно обвинителство: Германија ги крие вистинските причини за труењето на Навални

316 прегледи

Германија не понуди ништо што би ја расветлило ситуацијата со наводното труење на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални, изјави денеска за ТАС С портпарол на руското генерално обвинителство.

„Се чини дека нашите странски колеги се обидуваат да ги сокријат реалните околности на инцидентот и продолжуваат да ја обвинуваат руската страна без никаква основа“, велат од обвинителството.

Според портпаролот, германската страна не го исполнила барањето за интервју со лекарите на Навални. Таа исто така одби да достави копии од медицински документи, клинички записи, копии од форензички документи, токсиколошки тестови итн. Тој додаде дека четири барања за инцидентот со Навални биле испратени до германското Министерство за правда во периодот од 27 август до 28 септември 2020 година.

Слични содржини