Се огласи семејството на Ен Хеч: „Не се очекува да преживее, сакаше да ги донира органите“

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Пред неколку дена холивудската актерка Ен Хеч имаше тешка сообраќајна несреќа.

Таа во алкохолизирана состојба удрила во куќа, а автомобилот во кој била се запалил.

Таа била извлечена од возилото со видливи изгореници на грбот, а потоа дошло до борба за нејзиниот живот.

Иако подоцна беше објавено дека е во стабилна состојба, Ен набрзо паднала во кома.

Сега нејзиното семејство се огласи со потресна објава.

„За жал, Ен Хеч се здоби со тешки повреди на мозокот и се уште е во кома, во критична состојба. Не се очекува да преживее. Нејзиниот избор долго време беше да ги донира своите органи, а сега е на апарати за одржување во живот додека не се утврди дека би можела да донира некој од органите“, стои во официјалното соопштение на семејството на познатата актерка.

Слични содржини