Се огласи соработник на Меган Маркл: Откри детали кои многумина не ги знаат

од Stefanija Kuzmanovska
449 прегледи

Иако поминаа повеќе од десет дена од интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри, ситуацијата околу нив не се смирува. Сега, се огласи и Дерек Урсачки, асистент на режисерот на серијата Suits, со која и се прослави Меган.

На својот Инстаграм тој објави серија фотографии од сетот на серијата, во која Меган игра една од главните улоги.

– Јас обично не зборувам многу или објавувам за луѓето со кои сум работел, но се чувствував принудена да го сторам тоа сега, да ја поддржам Меган Маркл. Поминав пет години работејќи со Меган во серијалот „Suits“ како асистент на режисерот, главно работејќи со актерската екипа. Отсекогаш било задоволство да се работи со неа и таа отсекогаш била љубезна, опуштена личност, скромна, дури и по успехот на серијата и кога нејзината популарност растеше, толку полна со живот, го даваше својот максимум, беше полна со поддршка и духовитост. Интервјуто ми го скрши срцето затоа што таа зборуваше за многу лоши работи поради кои повеќе не сакала да живее – напиша Дерек.

Тој рече дека британските медиуми се немилосрдни кон неа и дека ја напаѓале со силни негативни стории во кои таа била главен актер. Му беше жал што никој не знаел низ што поминува.

– Никој не смее да осудува или да дава негативни коментари за никого и никој не смее да живее под постојани напади и страв за нивната безбедност. Во моето срце, знам дека Мег не се смени и сè уште е симпатична личност со која работев овие пет години. Ѝ посакувам се најдобро и ѝ благодарам на многу одлични, среќни спомени што ги имам и сум благословен со нив – рече Дерек.

 

Слични содржини