Се огласи свршеницата на Лијам Пејн: Со емотивно писмо се прости од пејачот и откри дека планирале свадба следната година

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Неколку дена по трагичната смрт на поранешниот пејач на One Direction, Лијам Пејн, неговата вереница Кејт Кесиди објави емотивно писмо во кое се простува од него.

Пејн починал откако паднал од балконот на хотелот во кој престојувал во Буенос Аирес. Пред смртта бил под дејство на наркотици, а на големо се пишува дека долги години имал проблеми со недозволени супстанци.

Лијам и Кејт Кесиди беа во врска две години, а како што сега откри Кејт, планирале да се венчаат во текот на следната година. Таа на Инстаграм објави трогателно писмо во кое откри колку ѝ значел и колку ќе биде тешко без него.

„Не знам ни од каде да почнам. Моето срце е скршено на начини што не можам да ги опишам со зборови. Посакувам да го видите огромното влијание што го имаше врз светот, дури и сега кога сè изгледа толку мрачно. Донесе толку многу радост и позитивност на сите, на милиони фанови, на твоето семејство, на пријателите, а особено на мене. Беше неверојатно сакан“, напиша таа.

„Се борам да сфатам како да живеам во свет без тебе покрај мене. Заедно се чувствувавме како деца и секогаш наоѓавме радост во најмалите нешта. Имаше најљубезна душа и најсмешен дух. Се чувствувам како да го изгубив најдобриот дел од мене. Не можам да замислам ден без твојата смеа и љубов. Донесе толку многу светлина во мојот живот. Пред неколку недели седевме на убава вечера и си ги замислувавме заедничките животи. Ја чувам твојата белешка, иако ми рече да не ја гледам. На неа пишуваше: „Јас и Кејт ќе се венчаме следната година / ќе се вериме и ќе бидеме заедно засекогаш 444“, додаде Кејт.

„Лиам, знам дека ќе бидеме заедно засекогаш, но не како што планиравме. Секогаш ќе бидеш со мене. Добив ангел чувар. Ќе те сакам до крајот на мојот живот и понатаму, носејќи ги нашите соништа и спомени со мене каде и да одам. Засекогаш твоја“, напиша таа.

Слични содржини