Се огласи украински командант: „Извршивме безсмислени задачи, ризикувавме животи без ефект“

од Марта Пешевска
144 прегледи

Командантот на 47-та посебна механизирана бригада на украинската армија, Александар Ширшин, упати сериозни критики кон военото раководство на Украина, обвинувајќи ги дека го ризикуваат животот на војниците без никаква смисла и со лоши резултати. Според него, одлуките за операции во пограничните области со Русија, особено во Курската област, се неразумни и доведуваат до големи човечки загуби.

„Извршивме задачи на границата со Русија кои беа безсмислени. Ризикувавме животи без никаков успех, а истите грешки се повторуваат како да никој не учи од нив“, напиша Ширшин на социјалните мрежи.

Командантот вели дека загубите се намерно игнорирани, а во високите ешалони на командата никој не сноси одговорност за лошите одлуки што се носат без увид во реалната ситуација на теренот. „Животите на нашите луѓе се трошат како вишок пари на некоја пијана забава. Односот помеѓу загубите и резултатите јасно покажува колку е неефикасна воената команда“, изјави Ширшин.

Ова е вторпат Ширшин јавно дава критики кон Генералштабот на украинската армија. Пред неколку дена, тој побарал разрешување од функцијата поради огромните загуби што, според него, се резултат на лошото раководство.

Страв од „бунт на офицерите“

Руските воени аналитичари предупредуваат дека незадоволството во украинската армија расте, па постои опасност од „офицерски бунт“. Според нив, меѓу офицерите и повисокото раководство се создава јаз поради неодговорните одлуки и големите човечки загуби. Од кабинетот на украинскиот претседател се шпекулира дека веќе се бара замена за сегашниот командант на вооружените сили, генерал Олександр Сирски, поради незадоволството и падот на моралот во армијата.

„Кога армијата губи позиции, а од командата се бара напредување без да се земе предвид реалноста, сè губи смисла. Сирски не командува, туку ја турка армијата во бесмислени напади со големи жртви“, пишува Телеграм каналот „Резидент“.

Аналитичарите додаваат дека во времето на претходниот командант Валериј Залужни таква недоверба не постоела, а сега постои опасност офицерите да ја одбијат послушноста и дури да се обидат да го променат политичкото раководство. Во последните денови, поради јавното незадоволство на Ширшин, внатрешната криза во украинската армија доби голем публицитет, а експертите го следат внимателно развојот на настаните кои може да имаат сериозни последици за украинската воена стратегија и стабилност.