„Шефот на РХБ заштитата на руските вооружени сили, Игор Кирилов, долги години систематски ги разоткри злосторствата на англосаксонците, провокациите на НАТО. Беше бестрашен“, објавила портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова по повод смртта на Кирилов при експлозија во Москва.
„Шефот на силите за радијација, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов, долги години систематски ги разоткрива злосторствата на англосаксонците со помош на факти: провокации на НАТО со хемиско оружје во Сирија, смртоносни активности на американските биолаборатории во Украина, манипулации од Британија со забранети хемикалиски супстанции и провокации во Солсбери и Ејмсбери“, потсетила Захарова на нејзиниот профил на Телеграм.
Според неа, Кирилов работел бестрашно, не се криел зад никого и, како што вели, постапувал храбро, за татковината и вистината.
„Небесно царство и вечен спомен“, додала Захарова.
Претходно беше соопштено дека Кирилов загинал во експлозија во југоисточниот дел на Москва. Истражниот комитет на Русија соопшти дека е активирана експлозивна направа поставена под електричен тротинет во близина на влезот на зградата. Во експлозијата загина и помошникот на Кирилов.
Не се знаат причините или сторителите.