Жената која синоќа упадна во студиото на рускиот државен Канал 1 и го прекина директниот пренос на програмата се вика Марина Овсијаникова и до ден денес работи во оваа телевизиска куќа.
Таа за време на директниот пренос на важното информативната емисија „Времја“, застана зад водителката и прикажа транспарент на кој пишуваше:
„НЕ ЗА ВОЈНА, запрете ги војниците. Не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“.
Channel One, Vremya program, live broadcast, Putin's favorite presenter.
Apparently, one of the channel's employees entered the studio. I don’t know who is this woman, but she is brave! #StandWithUkraine pic.twitter.com/GvlQ7IpLpb— Oleksandra Matviichuk (@avalaina) March 14, 2022
Веднаш потоа Овсијаникова сними видео порака во која објаснува зошто го направила тоа. Нејзините зборови ги пренесуваме во целост:
„Она што се случува во Украина е злосторство, а Русија е агресор. Одговорноста за оваа агресија лежи на совеста само на една личност, а таа личност е Владимир Путин. Татко ми е Украинец, мајка ми Русинка и тие двајца никогаш не биле непријатели. Овој ѓердан на мојот врат е симбол на фактот дека Русија може веднаш да ја прекине братоубиствената војна и дека нашите братски народи сè уште можат да се помират.
За жал, последниве неколку години работам за Канал 1. Работев на пропаганда на Кремљ и многу ми е срам од тоа – што дозволувам луѓето да лажат на ТВ екраните и дозволувам рускиот народ да биде претворен во зомби.
Не кажавме ништо во 2014 година кога штотуку започна. Не се пожаливме кога Кремљ го отру Навални. Само немо го гледавме овој нечовечки режим. Сега цел свет се сврте против нас и ни десет генерации наши потомци нема да можат да ја запрат оваа братоубиствена војна.
Ние, рускиот народ, размислуваме и сме интелигентни. Само во наша моќ е да го запреме ова лудило. Одете на протести и не плашете се од ништо, не можат сите да не уапсат“, изјавила таа.
Според ОВД-Инфо, невладина организација за следење апсења на протести ширум светот, речиси 15.000 луѓе се уапсени на антивоените протести во Русија од почетокот на инвазијата.