Бизнисмените од Албанија ја искористија можноста за време на викендот да се вакцинираат против коронавирус во Србија, што беше обезбедено од Српската стопанска комора во соработка со српската влада, пишува „Репортери“.
Меѓу вакцинираните имало и стјуардеси на албанската авиокомпанија „Albaeings“.
– Тоа беше важно за нас бидејќи беше единствената можност да се вакцинираат во моментот. Со оглед на тоа што работиме во авиокомпанија, сакавме да имаме можност нашите вработени да бидат вакцинирани и со оглед на тоа што во моментов не е можно да се стори тоа во Албанија во оваа категорија што ја претставуваме. Затоа ја искористивме можноста да дојдеме овде во Белград – изјавила една стјуардеса на албанската авиокомпанија.
Еден од вработените на аеродромот во Тирана изјавил дека организацијата на вакцинацијата поминала добро.
– Мислам дека ова беше добра можност да се направи и ја покажува сериозноста на државата Србија, и без сомнение нејзината сила како држава – рекол тој по приемот на вакцината АстраЗенека.
Повеќе од 7.500 бизнисмени од Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора поднеле барање за вакцинација.
Вакцинацијата против коронавирус е организирана од Српската стопанска комора, која во соработка со Владата на Србија обезбеди 10.000 дози вакцина АстраЗенека.
Косовската стопанска комора претходно објави дека одбива да учествува во вакцината во Србија од „принципиелни причини“, но сепак, Српската стопанска комора соопшти дека некои бизнисмени од Косово дошле на вакцинација.